За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Како СММИ ја поттикнува поларизацијата и радикализацијата во Западен Балкан – студија на случај

Оваа публикација обединува две комплементарни анализи, подготвени од проф. д-р Арие Антинори и Џорди Најенхаус, со цел да се испита како странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) функционира во современите информативни средини.

Првата анализа, подготвена од проф. Антинори, Радикализација и СММИ во киберопштествениот екосистем на Западен Балкан, го анализира Западниот Балкан како информациски простор во кој СММИ дејствува преку хибридна инфраструктура составена од дигитални платформи, традиционални медиуми, домашни политички актери, и сè поавтоматизираните механизми што ја поттикнуваат радикализацијата во регионот.

Втората анализа, подготвен од Џорди Најенхаус, Амбиентална радикализација: Како СММИ ги искористува постојните поделби, се надоврзува на оваа перспектива, испитувајќи како ваквите информативни средини влијаат врз публиката и општествата со текот на времето.