Институционален одговор на странското мешање и манипулација со информации во Северна Македонија: модели и опции за политика
Во Северна Македонија постои свесност за ризиците што ги носи странското мешање и манипулирање со информации (СММИ), но системот за координиран одговор во државата останува фрагментиран, без функционална меѓуинституционална координација и јасно дефинирани надлежности. Овој документ за јавна политика препорачува да се воспостави национален механизам за координација и отпорност на СММИ, што ќе обезбеди институционална поврзаност, регулирана размена на информации и системско следење на заканите со јасни улоги, протоколи и индикатори за изведба.
Документот ги нуди следните опции за институционално решение: а) Создавање самостоен центар за дигитална или национална отпорност; б) Формирање национален координативен механизам под Владата; и в) Интеграција во Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

