Економски канали на странско влијание во Северна Македонија – студија на случај
Оваа студија на случај прашува: Дали во Северна Македонија има случаи кога странските инвестиции и стратешки партнерства овозможиле економско и политичко влијание во земјата и какви последици имаат овие случаи за демократското управување?
Анализата во голема мера се потпира на известување од отворени извори и аналитички студии, вклучувајќи медиумски објави и истражувања (BBC Macedonian, Дојче веле, Meta. mk, Balkan Insight), академски студии (ResearchGate, Универзитет Лунд, CEPA), документи за политики (Европска комисија, Европски парламент), ревизорски извештаи (Државен за вод за ревизија на Северна Македонија), анализи на невладини организации: Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), German Marshall Fund (GMF), Фонда ција Конрад Аденауер, International Crisis Group. Во фокусот на оваа анализа се четири круцијални инвестициски случаи во големиинфра структурни и енергетски проекти:
- Приватизацијата на рафинеријата „ОКТА“.
- Изградбата на гасоводна мрежа поврзана со рускиот клириншки долг.
- Автопатите финансирани од Кина (Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид).
- Проектите од коридорите 8 и 10д што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“

