Средношколци учеа да раскажуваат приказни преку филм
Повеќе од 100 млади креативци снимаа кратки видеа на работилниците за краток игран и документарен филм на Филмскиот фестивал за млади „Џифони“, што се одржа од 4 до 8 октомври во Скопје.
Повеќе од 100 млади креативци снимаа кратки видеа на работилниците за краток игран и документарен филм на Филмскиот фестивал за млади „Џифони“, што се одржа од 4 до 8 октомври во Скопје.
Новинарските извештаи за боксерките Имане Калиф и Лин Ју-Тин за време на Летните олимписки игри во Париз во голема мера оставија простор за конзервативни и трансфобични ставови, што придонесува за одржување на родовите стереотипи, објективизација и дискриминација на спортистките и жените во општеството.
Македонија старее, а рaботници има сѐ помалку. Според ЕУРОСТАТ, во 2022 година, населението постаро од 65 години изнесува 17,1 %, додека пред 10 години, 11,8 % од населението било над 65 години. Податоците на Државниот завод за статистика, пак, покажуваат дека од 2013 до 2022 година од земјава се иселиле 7 861 луѓе, од кои 719 се високообразовани кадри.
Конципирана за новинари и студенти по новинарство, оваа обука ќе те опреми со клучните техники и алатки кои се потребни да ја подигнеш твојата истражувачка работа на следно ниво.
„Раздели па владеј“ не е само стара поговорка што одекнува од историјата. Тоа е ефективна тактика што се користи и денес во модерната политика, особено во комуникациските кампањи на политичките партии и лидери.
Во последниве години, наративите за странско влијание стануваат сè позастапен дел од политичката комуникација во многу земји, вклучувајќи ја и нашата. Овие наративи честопати подразбираат обвинувања кон странски ентитети или влади за мешање во внатрешните работи на државата и нарушување на демократските процеси.
Моделот „медиумската писменост како активно граѓанство“ ИКС го претстави на дебатата за средношколци и „Зошто граѓанска наука во образованието?“ што го организираше невладината организација Еко Логик на 27 септември во Клубот на новинари на Македонија.
Интеграција на вештачката интелигенција (ВИ) во секојдневната проверка на факти во редакциите беше областа за која се усовршија 19 новинари и медиумски професионалци на работилницата „Проверка на содржината и употребата на ВИ од јавните медиумски сервиси“, што Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја спроведе на 24 и 25 септември во Скопје.
Околу 150 средношколци од 13 средни училишта учествуваа на овогодишниот Медиумски дем што Институтот за комуникациски студии, го организира осма година по ред.