Обуки за развивање претприемачки вештини

Обуки за развивање претприемачки вештини за млади и претставници на граѓански организации во април 2019

Институтот Изида Вита од Словенија и Институтот за комуникациски студии во соработка со Младински културен центар Битола (МКЦ) и Младински образовен форум (МОФ) во април ќе организираат три обуки за развивање претприемачки вештини за млади и за претставници на граѓански организации. Обуките ќе имаат за цел да ја подигнат свеста за балансираното учество на жените и мажите на водечки позиции во бизнисот и невладиниот сектор, како и да ги обучат младите да стекнат вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.

Првата обука ќе се одржи на 11 април во просторите на Институтот за комуникациски студии [Јуриј Гагарин 17/1-1], втората на 17 април во Битола [ИНФО КЛУБ БИТОЛА-Правен факултет, 3 кат], а третата обука ќе се одржи на 19 април во Тетово во просториите на Младинскиот образовен форум..

Обука за развивање на претприемачки вештини кај млади

09:30 – 10:00 – Пристигнување и регистрација на учесниците

10:00 – 10:30 – Запознавање на групата; Што очекувам од оваа обука?
Кој ќе биде мојот придонес?

10:30 – 11:30 – Аргументирано изразување; Што е аргумент? Како се гради аргумент?
Која е потребата од и примената на аргументирано изразување?

11:30 – 12:00 – Пауза за ручек

12:00 – 13:00 – Комуникациски вештини; Како се пишува CV?
Како се пишува Мотивациско писмо?

13:00 – 13:10 – Пауза за освежување

13:10– 14:30 – Премостување на половите разлики во тимската работа; Тимска работа
Одговорно креирање на политики Модерирана дискусија и евалуација

За повеќе информации контактирајте ги Наталие Ц. Постружник од Институтот Изида Вита, Словенија – или Лејла Шабан од Институтот за комуникациски студии, Скопје –