КРАТКА БИОГРАФИЈА
М-р Кирил Арсовски Пржо, е биолог и специјалист за комуникација во областа на животната средина. Работи како истражувач во Одделот за еколошка комуникација и политики при Институтот за комуникациски студии. Воедно, тој е главен и одговорен уредник на регионалната медиумска платформа за животна средина ДОМА, која ги покрива земјите од Западен Балкан.
Неговата истражувачка работа и професионален интерес се на пресекот меѓу зачувувањето на биолошката разновидност, комуникацијата и политиките за животна средина, со фокус на тоа како комуникациските науки можат да придонесат за креирање поефикасни и поквалитетни политики во областа на животната средина.
Кирил е автор и коавтор на научни трудови, студии, извештаи во сенка и документи со препораки за јавни политики, насочени кон заштита на биолошката разновидност, заштитените подрачја и климатските промени во Македонија и регионот на Западен Балкан.
Тој е дипломиран биолог и еколог, магистер по еволуција, магистер по менаџмент во стратегиски комуникации, а има и диплома од областа на менаџмент со биолошката разновидност.

