Прашалник за дигиталната безбедност на новинарите и медиумите

Прашалник за дигиталната безбедност на новинарите и медиумите

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), спроведува прашалник за дигиталната безбедност на новинарите и медиумите.

Целта на прашалникот е да се добие подобар увид во дигиталните и киберзаканите со кои се соочуваат новинарите и медиумите, постојните практики и алатки за заштита, како и искуствата и комуникацијата со државните институции надлежни за кибербезбедност.

Добиените податоци ќе послужат за подготовка на појдовна студија (baseline study) за состојбите во медиумскиот сектор, која ќе помогне да се идентификуваат клучните ризици, потребите за подобрување на дигиталната безбедност и можностите за поефикасна соработка и градење доверба меѓу медиумите и надлежните институции.

Прашањата се однесуваат на Вашето лично искуство и/или искуството на медиумот во кој работите во текот на последните две години. За пополнување на прашалникот се потребни околу 10 минути.

Одговорите ќе се обработуваат доверливо и исклучиво во збирна форма. Доколку одредено прашање го сметате за чувствително или не располагате со потребните информации, можете да го прескокнете.

Прашалникот може да го одговорите тука:

Ви благодариме за издвоеното време и придонесот кон подобрување на дигиталната безбедност на новинарите и медиумите.