- Медиуми и новинарство
- ·
- Писменост за иднината и медиумска писменост
Медиум
Проектот беше насочен кон поттикнување на интересот кај средношколците за читање, информирање, новинарско изразување и активно учество во создавање медиумски содржини. Проектот „Медиум“ произлезе од потребата да се поттикне интересот на младите за читање, информирање и новинарско изразување, во услови кога употребата на традиционалните печатени медиуми кај младите сє повеќе се намалуваше. Високата школа за…

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2011
–
декември 2014
ДОНАТОР
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот беше насочен кон поттикнување на интересот кај средношколците за читање, информирање, новинарско изразување и активно учество во создавање медиумски содржини.
Проектот „Медиум“ произлезе од потребата да се поттикне интересот на младите за читање, информирање и новинарско изразување, во услови кога употребата на традиционалните печатени медиуми кај младите сє повеќе се намалуваше.
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста неколку години соработуваше со литературните секции во средните училишта, со цел средношколците да се охрабрат да пишуваат, да истражуваат и да развиваат интерес за медиумите и новинарството.
Оваа соработка во 2011 година прерасна во иницијатива за формирање средношколски весник „Медиум“, како заеднички проект на дневниот весник „Нова Македонија“ и Високата школа. Весникот беше наменет за средношколци заинтересирани за новинарство, медиуми и медиумска култура.
Главните активности опфаќаа објавување на печатено месечно издание на „Медиум“ како подлисток во дневниот весник „Нова Македонија“, како и развој на онлајн издание преку платформата medium.edu.mk. Веб-страницата беше наменета првенствено за средношколци и тинејџери кои сакаат да пишуваат, да учат за новинарството и да создаваат свои медиумски содржини.
Проектот придонесе кон развој на младинско новинарство, медиумска писменост и поголема вклученост на средношколците во јавната комуникација преку креативно и одговорно медиумско изразување.
