За нас

За ИКС

Истражувачки, образовен и комуникациски центар што работи во областа на комуникациите, медиумите, новинарството, односите со јавност, политичката комуникација и корпоративното комуницирање.

Кои сме ние

Знаење, истражување и практика на едно место.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) е непрофитна научноистражувачка организација, основана во 2012 година, која работи во областа на комуникациите, медиумите, новинарството, односите со јавноста, политичката комуникација и корпоративното комуницирање.

ИКС спроведува научни и применети истражувања, развива образовни програми, реализира проекти и јавни кампањи и обезбедува консултантски услуги за организации, институции и професионални тимови. Во својата работа, Институтот ги поврзува академското знаење и истражувачките сознанија со нивната практична примена во комуникациите, медиумите и пошироките општествени процеси.

ИКС работи како истражувачки, образовен и комуникациски центар и соработува со академски институции, медиуми, граѓански организации, јавни институции и меѓународни партнери. Преку својата работа, Институтот придонесува кон подобро информирање, критичко размислување, професионална и одговорна комуникација и поактивно учество на граѓаните во општеството.

Статус и признанија

Формална основа на нашата работа.

Од 2017 година, Високата школа за новинарство и односи со јавноста и Институтот за комуникациски студии работат како една организација под името на Институтот.

Статус на научна установа од областа на општествените и хуманистичките науки

Акредитација за едногодишни и двегодишни магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации

Носител на Еразмус+ повелбата за високообразовни институции во Европа, со учество во меѓународни образовни и истражувачки партнерства

Од 2022 година, носител на УНЕСКО катедрата за писменост за иднината и медиумска писменост, преку која ја развива својата истражувачка и образовна работа во оваа област

Мисија

Да придонесеме кон демократско и информирано општество преку истражување, образование и соработка со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, поттикнувајќи критичко размислување, транспарентност, отчетност и активно учество на граѓаните во јавниот живот.

Визија

Македонија како демократско општество со критичка и информирана јавност, професионални медиуми и отворени и одговорни институции.

На што работиме

Истражуваме и работиме на шест поврзани области.

Нашата работа е насочена кон повеќе поврзани области што ги следат промените во комуникацијата, медиумите и современото општество.

Писменост за иднината и медиумска писменост

Развиваме програми и ресурси за критичко разбирање на медиумите и информациите, дигитална безбедност и истражување на можните иднини. Работиме со ученици, наставници, студенти, професионалци и ранливи групи.

Медиуми и новинарство

Работиме на зајакнување на професионалното новинарство и медиумските стандарди, поттикнувајќи го информацискиот интегритет и содржините од јавен интерес преку истражувања, обуки, партнерства со медиуми и продукција на содржини.

Информациски нарушувања

Ги проучуваме информациските нарушувања и развиваме пристапи за нивно препознавање и разбирање, со цел поголема отпорност на јавноста и институциите кон дезинформации, пропаганда, странско информациско мешање и други форми на манипулативна комуникација.

Стратегиски комуникации

Ги унапредуваме практиките за јасна, одговорна и етичка комуникација преку развој на комуникациски стратегии, кампањи, кризна комуникација, односи со јавноста и јавен настап.

Политичка комуникација

Работиме на транспарентност, отчетност и поактивно учество на јавноста во јавните политики преку истражувања, дијалог и партнерства.

Комуникација за наука и животна средина

Ги приближуваме научните и еколошките теми до јавноста преку јасна и одговорна комуникација за животната средина, климатските промени, природните ресурси и одржливиот развој.

Нашиот пристап

Четири начини на кои работиме.

Истражуваме

Спроведуваме научни и применети истражувања во областа на комуникациите, медиумите, новинарството, медиумската писменост и јавниот интерес.

Образуваме

Развиваме образовни програми, обуки и ресурси за студенти, професионалци и организации во областите на медиумите, комуникациите, медиумската писменост и темите од јавен интерес.

Информираме

Креираме содржини, кампањи и јавни ресурси што обработуваат теми од јавен интерес и ги прават подостапни и поразбирливи за различни публики.

Застапуваме

Се залагаме за слобода на изразување, професионални медиуми, транспарентни институции, одговорна комуникација и политики засновани на факти.

Хронологија

Клучни моменти

2008

Основана е Високата школа за новинарство и односи со јавност.

2012

Основан е Институтот за комуникациски студии.

2017

Високата школа и ИКС се обединуваат во една организација и продолжуваат да работат под името Институт за комуникациски студии.

2022

Во рамки на ИКС е воспоставена УНЕСКО катедрата за писменост за иднината и медиумска писменост.