Услуги

Комуникациски стратегии и кампањи

Комуникациски стратегии, јавни кампањи и планови засновани на истражување, анализа на публиките и јасни цели за организации што сакаат да комуницираат појасно, поодговорно и со видливи резултати.

Што нудиме?

Области на работа

  • Комуникациски стратегии
  • Јавни кампањи
  • Кампањи во јавен интерес
  • Застапување
  • Анализа на публики
  • Наративен и визуелен идентитет
  • Медиумски настап
  • Мониторинг и евалуација

Кога ни се обраќаат

Од вашиот предизвик до конкретен резултат

Секоја ситуација бара различен одговор. Еве што најчесто ни носат организациите — и што добиваат од нас.

Вашата ситуација

Што добивате

Започнувате нов проект, програма или иницијатива и ви треба јасен комуникациски план

План со активности, канали, формати и временска рамка

Сакате подобро да ги разберете своите публики, нивните потреби и очекувања

Анализа на контекстот, публиките и комуникациските предизвици

Имате важна тема, но ви требаат појасни пораки, канали и активности

Комуникациска стратегија со јасни цели, пораки и приоритети

Подготвувате јавна кампања, кампања во јавен интерес или застапувачка иницијатива

Концепт за јавна кампања или кампања во јавен интерес

Сакате да ја зајакнете видливоста, довербата или репутацијата на организацијата

Насоки за наративен и визуелен идентитет, препораки за промоција, медиумски настап и дигитална комуникација

Ви треба поддршка за мерење на ефектот и подобро планирање на следните чекори

План за мониторинг, евалуација и следење на резултатите

Од бриф до резултат: четири чекори, без замаглување.

Слушаме

Краток бриф, разговор со тимот, и заедничко дефинирање на проблемот и обемот.

Дизајнираме

Предлагаме методологија, тим и временска рамка, прилагодени на буџетот и контекстот.

Изведуваме

Работиме во кратки итерации, со чекпоинти и редовни предавања на меѓурезултати.

Предаваме

Финален извештај, презентација пред засегнатите страни, и поддршка во имплементација.

За кого е наменето

Оваа услуга е наменета за државни институции, невладини организации, компании и сите кои сакаат да ја унапредат својата комуникација и зајакнат довербата преку јасни стратегии, добро испланирани кампањи и пораки приспособени на своите публики.

Им помагаме подобро да ги разберат потребите на целните публики, да изградат доверба и да постигнат видливи и мерливи резултати.

Имате проект на ум?

Контактирајте нè!

Кажете ни кој е предизвикот и кого треба да достигнете. Ќе предложиме стратегија и кампања засновани на истражување, со јасни пораки и мерливи цели.

Испратете ни порака!

Одговараме во рок од два работни дена.