- Информациски нарушувања
- ·
- Комуникација за наука и животна средина
- ·
- Медиуми и новинарство
- ·
- Писменост за иднината и медиумска писменост
Користи факти: Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија
Проектот се фокусира на јакнење на јавното разбирање за потеклото, мотивите и влијанието на дезинформациите преку новинарство засновано на факти, медиумски содржини, обуки и јавни кампањи.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2022
–
декември 2025
ДОНАТОР
- Британска амбасада Скопје
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот се фокусира на јакнење на јавното разбирање за потеклото, мотивите и влијанието на дезинформациите преку новинарство засновано на факти, медиумски содржини, обуки и јавни кампањи.
„Користи факти“ е проект насочен кон поддршка на граѓаните, новинарите и граѓанските организации во препознавање, разбирање и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија. Преку новинарство засновано на факти, проектот ги истражува и деконструира намерите, изворите и наративите на дезинформирање што ја поткопуваат довербата во институциите и ги продлабочуваат поделбите во општеството.
Проектот опфаќа изработка на аналитички и истражувачки новинарски стории, обуки и образовни ресурси за граѓани и новинари, како и медиумски кампањи за подигање на јавната свест. Посебен акцент е ставен на тоа граѓаните, особено ранливите групи, полесно да разликуваат веродостојни информации од злонамерни и манипулативни содржини.
Преку медиумските онлајн платформи на ИКС — „Само прашај“, „Дома“, „Рес публика“ и „Медиум“ — проектот овозможува истражувачките сознанија и новинарските содржини да стигнат до пошироката јавност на разбирлив и достапен начин.
Проектот вклучува соработка со медиуми, граѓански и академски организации, јавни институции, стручњаци, активисти и граѓани од државата и регионот. Преку ваквиот пристап, „Користи факти“ придонесува кон поголема транспарентност, одговорност и доверба во јавната комуникација.
