- Информациски нарушувања
- ·
- Политичка комуникација
- ·
- Стратегиски комуникации
Зајакнување на оперативната подготвеност на владата за одговор на СММИ во Северна Македонија
Проектот е насочен кон воспоставување структуриран процес за комуникација, координација и институционален одговор на странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2025
–
декември 2026
ДОНАТОР
- Британска амбасада Скопје
СТАТУС
Тековен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот е насочен кон воспоставување структуриран процес за комуникација, координација и институционален одговор на странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија.
Проектот „Зајакнување на оперативната подготвеност на владата за одговор на СММИ во Северна Македонија“ помогна да се воспостави структуриран процес за комуникација, координација и одговор на странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија.
Преку основна проценка на постојните институционални механизми и информациски текови, проектот ја изработи првата структурирана дијагноза за тоа како СММИ се откриваат, толкуваат и обработуваат низ владините институции. Анализата ги идентификуваше слабостите во координацијата, процедурите за ескалација и заедничките стандарди за институционално постапување.
Врз основа на овие наоди, проектот разви две практични алатки за институциите: предлог Оперативен протокол за институционален одговор на СММИ и стандардизиран Образец за одговор на инциденти. Овие алатки утврдуваат јасен пат од откривање на сигнал за СММИ, преку верификација, класификација на ризикот и одлучување, до координирана јавна комуникација.
Алатките беа обликувани преку консултации со владините институции и зајакнати со советодавна експертиза од Обединетото Кралство, Европската Унија и ОБСЕ/ОДИХР. На тој начин, проектот придонесе кон посистемски институционален пристап, подобра оперативна подготвеност и поефикасна координација во справувањето со СММИ.
