- Комуникација за наука и животна средина
- ·
- Стратегиски комуникации
Поттикнување на промени во однесувањето на граѓаните за подобрување на практиките за управување со отпад во Преспанскиот регион
Проектот е насочен кон поттикнување промени во однесувањето на локалните заедници во Преспанскиот регион преку кампања за подобрување на практиките за управување со отпадот, со фокус на селекција, намалување и соодветно отстранување на различните видови отпад.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2025
–
декември 2027
ДОНАТОР
- Европска Унија
СТАТУС
Тековен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот е насочен кон поттикнување промени во однесувањето на локалните заедници во Преспанскиот регион преку кампања за подобрување на практиките за управување со отпадот, со фокус на селекција, намалување и соодветно отстранување на различните видови отпад.
Институтот за комуникациски студии, во соработка со Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво, ја спроведува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, насочена кон подобрување на практиките за управување со отпадот во Преспанскиот регион.
Кампањата има за цел да ги поттикне локалните заедници на поодржливо постапување со отпадот, преку подобро информирање, едукација и вклучување на граѓаните. Во фокусот се селекцијата, намалувањето и соодветното отстранување на комуналниот, земјоделскиот и индустрискиот отпад, како и приклучувањето кон општинската мрежа за организирано собирање и отстранување на отпад.
Преку проектот се работи на зголемување на знаењето на жителите за различните видови отпад и за последиците од несоодветното одлагање врз животната средина, здравјето и локалниот развој. Посебен акцент е ставен на одвоеното собирање на отпадот, одговорното постапување со отпадот што се создава во домаќинствата, земјоделството и локалните дејности, како и на јакнењето на заедничката одговорност за почиста средина.
