Панел дискусија: „Од инциденти до системски ризици: надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“
Странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) претставува сложен системски ризик за демократските општества кој особено се појавува и се засилува преку медиумите. СММИ функционира преку координирани активности на странски државни и недржавни актери, нивни посредници и усогласени канали, кои, меѓу другото, ја користат економската, институционалната и дигиталната ранливост на медиумите за да влијаат врз јавната дебата и врз довербата во институциите. Македонскиот медиумски екосистем не е имун на овие ризици. За тоа придонесуваат серија институционални ризик-фактори и системски слабости што ги прават медиумите, но и слободата на информирање подложни на (зло)употреба во координирани надворешни малициозни кампањи.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува да учествувате на панел дискусијата на која ќе биде презентиран документот за јавни политики „Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации (СММИ)“, што ќе се одржи на 25.02.2026 (среда), 10:00 – 12:00 часот, во „Европска куќа“ (Europe House) во Скопје.
Авторите вон. проф. д-р Марина Тунева и д-р Драган Секуловски ќе ги презентираат клучните поенти и препораките од документот за јавни политики. Свои излагања ќе имаат претставници на медиумите кои ќе споделат искуства за онлајн напади на комуникациските канали на редакциите. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски, како и раководителката на секторот за сајбер безбедност во Министерството за дигитална трансформација, Тања Милановска Најдовски ќе дадат свои осврти како овие предизвици (ќе) се третираат со новиот сет европски медиумски закони, како што е Евопскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), Законот за дигитални услуги (DSA), Европскиот закон за сајбер безбедност (EU Cyber security Act) и сл.
ИКС го организира настанот во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, којшто е поддржан од Британската амбасада во Скопје.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство со регистрација најдоцна до 23.2.2026 (понеделник), до 12:00 часот, на следниот линк. Бројот на учесници е ограничен и ќе се применува принципот „прв дојден – прв услужен“.
Дневен ред
| 09:50 – 10:00 | Регистрација на учесници |
| 10:00 – 10:10 | Отворање и воведно излагање: Александра Теменугова, Институт за комуникациски студии |
| 10:10 – 10:20 | Фрагментиран институционален одговор на координирани надворешни информациски влијанија – д-р Драган Секуловски, автор на публикацијата |
| 10:20 – 10:30 | Од реакција кон превенција: како да изградиме одржлив национален одговор на СММИ? – вон. проф. д-р Марина Тунева, професорка и авторка на публикацијата |
| 10:30 – 10:40 | Стари проблеми, нови ризици за институционалната (не)доверба – д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги |
| 10:40 – 10:50 | Кој е лекот за координирани онлајн напади на медиумите? – Жана Божиновска, одговорен уредник на „Слободен печат“ |
| 10:50 – 11:00 | Медиумите како високоризична точка во дигиталната средина: кибербезбедност, системска ранливост и регулаторен одговор – Тања Милановска Најдовски, раководителка на секторот за сајбер безбедност во Министерството за дигитална трансформација |
| 11:00 – 11:40 | Дискусија со публиката |
| 11:40 – 12:00 | Закуска |
