НАЗАД КОН ИДНИНАТА – Јакнење на писменоста за иднината преку интерактивни МОOC курсеви на Западен Балкан
НАЗАД КОН ИДНИНАТА (BTTF) е регионална иницијатива која ги оспособува студентите од универзитетите во Северна Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора подобро да ја разберат, замислат и обликуваат иднината. Проектот ја воведува писменоста за иднината – трансформативна вештина за разбирање и создавање на идни сценарија. Преку развој на интерактивни масовни отворени онлајн курсеви (MOOCs), проектот обработува клучни теми како дигитална трансформација, климатски активизам, медиумска писменост и човекови права.
Курсевите ќе се реализираат двапати – еднаш во втората година и повторно во третата година од проектот. Во текот на двете години, повеќе од 1.800 студенти ќе учествуваат во четири MOOCs кои ги покриваат темите: дигитална трансформација, медиумски и информациски екосистеми, климатски активизам, човекови права, иднината на работата и комуникациите. Преку прекугранична тимска работа и задачи базирани на сценарија од реалниот свет, учесниците ги зајакнуваат своите дигитални, аналитички и меки вештини, истовремено вклучувајќи се во значајна интеркултурна размена.
Курсевите ги развиваат и реализираат шест универзитети од Западен Балкан, создавајќи динамичен виртуелен образовен простор кој поттикнува квалитетно и инклузивно дигитално учење. Проектот, исто така, ги поддржува универзитетите во интегрирањето на писменоста за иднината во наставните програми и обезбедува отворени образовни ресурси за долгорочен ефект.
Со оспособување на младите да се справуваат со неизвесноста и активно да ја обликуваат својата заедница, BTTF придонесува за јакнење на демократската култура, дигиталната отпорност и регионалната соработка на Западен Балкан.
Времетраење: 2026–2028
Донатор: Европска Унија (Erasmus+ Virtual Exchanges)
Буџет: 346.176 евра
Координатор: Институт за комуникациски студии (ИКС), Скопје
Партнери: Универзитет во Тирана – Факултет за природни науки и Факултет за општествени науки (Албанија); Универзитет во Сараево – Факултет за политички науки (БиХ); Универзитет во Белград – Факултет за организациони науки (Србија); Универзитет VERN’ (Хрватска); Универзитет на Црна Гора – Факултет за економија (Црна Гора)
