
- Информациски нарушувања
- ·
- Политичка комуникација
- ·
- Стратегиски комуникации
Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија
Странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) претставува сложен системски ризик за демократските општества кој особено се појавува и се засилува преку медиумите. СММИ функционира преку координирани активности на странски државни и недржавни актери, нивни посредници и усогласени канали, кои, меѓу другото, ја користат економската, институционалната и дигиталната ранливост на медиумите за да влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и во демократските процеси. Анализата покажува дека СММИ во националниот контекст не е регулирано како посебна и интегрирана област, а неговите релевантни аспекти се поделени низ медиумското и изборното законодавство, дигиталната регулација, рамките за кибер и националната безбедност, како и образовните политики. Овој фрагментиран пристап овозможува делумно детектирање, но не и системско управување со ризикот.
ГОДИНА
DOI
UDK
