[Конференција] Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор

Хибридните закани кои комбинираат воени, политички, економски, кибер и информациски методи денес претставуваат еден од најсложените безбедносни ризици за демократијата. Странското мешање и манипулирање со информации (СММИ), како дел од овие закани, имаат за цел преку злоупотреба на информациските канали да предизвикаат институционална парализа и општествена криза. Северна Македонија, како земја членка на НАТО, со евроатлантска ориентација и геостратегиска положба во регионот, се наоѓа во опкружување каде што дезинформациските кампањи често се користат за влијание врз јавната перцепција, за поларизација во општеството и за подривање на довербата во институциите.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува да учествувате на конференцијата „Хибридни и информациски закани: од препознавање кон национален системски одговор“, што ќе се одржи на 28.11.2025 (петок), 12:30 – 15:30 часот, во хотелот „Холидеј ин” во Скопје.

На конференцијата воведни обраќања ќе имаат претседателот на Владата на РСМ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон. На панел-дискусијата ќе говорат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и професори и експерти во областа од државата и од Европа. На настанот ќе биде промовиран документот за јавни политики што го подготви ИКС со наслов „Институционален одговор на странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија: модели и опции за политика“.

Агендата за настанот е во продолжение на поканата.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 Ве молиме да го потврдите Вашето присуство со регистрирање на ОВОЈ ЛИНК најдоцна до 26.11.2025 (среда).

Дневен ред

Време Сесија
12:00–12:30 Регистрација на настанот
12:30–13:00 Поздравни обраќања

проф. д-р Жанета Трајкоска, директорка, Институт за комуникациски студии

г. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Северна Македонија

проф. д-р Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РСМ

13:00–13:10 Панел-дискусија: Новото бојно поле – Разбирање и одговор на странското мешање и манипулирање со информации

Модератор: вонр. проф. д-р Весна Попоска, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“

13:10–13:20 Институционален одговор на странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија: модели и опции за политики – презентација на документ за јавна политика

вонр. проф. д-р Александар Грижев, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“

13:20–13:30 Национален дигитален бедем: инфраструктурата зад новиот Закон за сајбер безбедност

Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформацијa

13:30–13:40 Спротивставување на хибридни закани: како Северна Македонија може да ја користи европската експертиза

Мирослав Саздовски, виш аналитичар, Европски центар за извонредност за спротивставување на хибридни закани (Hybrid CoE), Хелсинки, Финска

13:40–13:50 Повик за дејствување на Западен Балкан: стратегии за управување со современите информациски закани

доц. д-р Кире Бабаноски, Факултет за безбедност – Скопје

13:50–14:00 Поглед во иднината: можности за градење отпорност
Миран Чокло, Институт за истражување на хибридно војување (Hybrid Warfare Research Institute), Загреб, Хрватска
14:10–14:50 Дискусија
14:50–15:00 Заклучоци и насоки

– Резиме на главните согледувања и препораки;

– Поттикнување политичка и стратегиска поддршка за меѓуинституционална координација и имплементација на национален модел за одговор на СММИ.

15:00–15:30 Коктел