Повик за апстракти за КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 7)

ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на отворениот повик на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.

КАИРОС е научно списание со отворен пристап посветено на научни дискусии за теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување и новите трендови во студиите за медиуми и комуникации. Трудовите објавени во КАИРОС можат да се фокусираат на горенаведените области од социолошки, психолошки, политички, лингвистички и технолошки перспективи.

Важни датуми

  • Краен рок за поднесување на апстракти е 27 октомври 2025 година.
  • Известување за прифаќање/одбивање на апстрактите до 28 октомври 2025 година.
  • Рокот за испраќање на целосните трудови (4.000 – 6.000 зборови) е 19 декември 2025 година.
  • Уредувачкиот одбор ќе прифати само текстови кои претходно не биле објавени.
  • Апстрактите задолжително треба да ги следат насоките за пишување наведени во продолжение на повикот.

Инструкции за пишување на апстрактот