Сите публикации
  • Информациски нарушувања
  • ·
  • Политичка комуникација
  • ·
  • Стратегиски комуникации

Странско мешање и манипулирање со информации во Република Северна Македонија

Оваа студија ги истражува механизмите, методите и ефектите на странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) (Foreign Information Manipulation and Interference – FIMI) во Република Северна Македонија, со посебен акцент на националната безбедност, медиумскиот колорит и општествената кохезија. Како земја со стратегиска позиција во регионот, членка на НАТО и кандидат за Европската Унија (ЕУ), Северна Македонија се соочува со зголемени информативни закани што доаѓаат од различни државни и недржавни актери. Овие влијанија имаат потенцијал да ги нарушат демократските процеси, да ги ослабат институциите и да поттикнат недоверба кај јавноста.

Студијата покажува дека странското мешање и манипулирање со информации не е изолиран феномен, туку дел од пошироки хибридни стратегии, кои комбинираат дезинформација, геополитички наративи и сајбер-операции за да се обликуваат јавното мислење и политичките одлуки. Во анализата се опфатени повеќе домени, вклучително институционалната подготвеност (со осврт на доброто управување), традиционалните медиуми, дигиталниот простор и социјалните мрежи, локалните заедници и граѓанските организации, при што се идентификувани клучните методи и пристапи што се користат за политичка и идеолошка поларизација.

  • Преземи на македонски
  • Преземи на англиски
  • Преземи на албански

ГОДИНА

2025

DOI

https://doi.org/10.64370/NWYQ1878

UDK

327.8(497.7)(047.31)
316.776.23(497.7)(047.31)
327.8(4-672ЕУ)(047.31)
316.776.23(4-672ЕУ)(047.31)