Целиот тим
м-р Јорданка Черепналкова Трајкоска

Јорданка Черепналкова Трајкоска

Соработник-истражувач и менаџер за организациски развој и учење

Магистер по комуникациски науки

ИСТРАЖУВАЧКИ ИНТЕРЕС

медиумска и дигитална писменост, дезинформации, комуникација за социјални промени, психосоцијална поддршка, детски и младинско учество

ПРОФИЛИ И БИБЛИОТЕКИ

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Јорданка Черепналкова-Трајкоска е соработник-истражувач и одговoрна за организацискиот развој и учење во Институтот за комуникациски студии (ИКС). Таа е одговорна за следење и евалуација на резултатите од проектите, проценка на научно-истражувачката работа на Институтот, како и идентификација и поддршка на развојните потреби на тимот. Воедно, како истражувачка, учествува во дизајнирање методолошки пристапи, спроведување истражувања иподготовка на анализи и визуелни прикази на податоци.

Претходно, Јорданка има работено како проектна координаторка, истражувачка и обучувачкаво бројни домашни и меѓународни организации. Нејзиното искуство опфаќа проектиповрзани со детски права, младински активизам, психосоцијална поддршка, медиумска писменост и демократско управување. Има искуство во дизајнирање и спроведување обуки,истражувања, јавни кампањи и застапување, како и менторирање на млади професионалци ворамки на глобални иницијативи.

Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, а магистриралакомуникациски науки на Институтот за социолошки, политичко-правни истражувања. Има и диплома за односи со јавност од London School of Public Relations.