Конференција: Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза
Во време на растечка еколошка криза, граѓанските организации и инцијативи, академскиот сектор, бизнисите и јавните институции треба сè повеќе да преземаат одговорност за своите постапки и да комуницираат за животната средина. Комуникацијата за животната средина помага да се влијае врз јавното мислење, промена на однесувањето, застапување за политики и донесување закони. Таа овозможува граѓаните да ги разберат еколошките проблеми и загриженоста за животната средина и климатските промени, како и да се вклучат во зачувувањето на природните ресурси.
Ве покануваме на конференцијата „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“, што ќе се одржи на 27 март (среда), од 10:00 до 13:00 часот, во хотел „Холидеј Ин“ – Скопје. За учество на конференцијата, ве молиме да се регистрирате најдоцна до 24 март (недела) на копчето подолу.
На конференцијата, домашни и странски говорници ќе зборуваат за нивните специфични аспекти и искуства и ќе понудат нови перспективи и приоди за комуникацијата за животната средина. Дневниот ред за настанот е во прилог.
Конференцијата ја организира Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамките на проектот „Популаризирање на комуникацијата за животната средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност“, што го спроведува во партнерство со универзитетите во Загреб, Нови Сад, Сараево и Тирана, а е финансиран од програмата ЕРАЗМУС+. Повеќе информации за проектот се достапни на www.communicating.green.
*За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени трошоците за пат во износ на повратен автобуски билет.
Лице за контакт: м-р Дејан Андонов, , 071 317 661
АГЕНДА
9:30-10:00
Регистрација и кафе
10:00-10:10
Вовед во конференцијата
м-р Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии
10:10-10:25
Воведно обраќање: Реториката во комуникацијата за животната средина во време на еколошка криза
проф. емиритус Стив Депо, претседател на Меѓународната асоцијација за комуникација на животна средина (онлајн)
Сесија 1: Комуникација за животна средина: Увид во практични искустваМодератор: м-р Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии
10:25-10:40
Ефективна комуникација за широка поддршка на еколошките движења: Рударење на литиум во Јадар, Србија
Златко Кокановиќ, Граѓанска иницијатива „Не дамо Јадар“, Србија
10:40-10:55
Подигнувањето на свеста и разбирањето за природните вредности: Рисот како национален бренд
д-р Диме Меловски, Македонско еколошко друштво (МЕД)
10:55-11:10
Засилување на младинскиот активизам и едукација: Во потрага по решенија за еколошките проблеми
Мила Јовановска, НВО „Гоу грин“ и учесничка на Онлајн програмата за комуникација за животна средина
11:10-11:30
Дискусија
11:30-11:50
Пауза
Сесија 2: Нови перспективи и потребата од трансформативна комуникацијаМодератор: м-р Кирил Арсовски, Институтот за комуникациски студии
11:50-12:05
Промовирање на решенија засновани на природата: Градење на климатски отпорни заедници
д-р Жанин Маер, Универзитет во Пасау, Германија
12:05-12:20
Подобро позиционирање на компаниите со принципите за еколошка, социјална и управувачка рамка (ESG)
Иван Штериев, извршен директор, Македонска берза
12:20-12:35
Медиумските ефекти во решавањето на еколошките прашања: Новинарство за заштита на животната средина
м-р Кирил Арсовски, уредник на веб-порталот за животна средина Дома (doma.edu.mk) на Институтот за комуникациски студии
12:35-12:50
Комуникација со животната средина преку социјалните медиуми и инфлуенсерите: Зајакнување на улогата на поединците и организациите
д-р Јована Била Дубаиќ, Биолошки факултет – Белград и учесник на Онлајн програмата за комуникација со животната средина
12:50-13:20
Дискусија
13:20-14:00
Коктел
Управување со согласноста за колачиња
Користиме колачиња за основното функционирање на страницата. Со ваша согласност користиме и колачиња за статистика и за маркетинг, како и вградени содржини од трети сервиси. Согласноста можете да ја промените во секое време.
Функционални
Always active
Создавањето и пристапувањето на овие колачиња е потребно за да ја овозможат основната функционалност на страницата. Овие ги овозможуваат основните функционалности и ја одржуваат безбедноста на страната, без да прибираат податоци за вас.
Поставки
Техничкото складирање или пристап е потребно за легитимната цел на зачувување на поставки што не ги побарал корисникот.
Статистички
Создавањето и пристапувањето на овие колачиња е потребно за прибирање на статистички податоци и податоци за однесувањето на корисниците на веб-страната.The technical storage or access that is used exclusively for anonymous statistical purposes. Without a subpoena, voluntary compliance on the part of your Internet Service Provider, or additional records from a third party, information stored or retrieved for this purpose alone cannot usually be used to identify you.
Маркетинг
Создавањето и пристапувањето на овие колачиња е потребно за креирање кориснички профили за испраќање реклами или за следење на корисникот на веб-локацијата или на неколку веб-локации за маркетинг цели.