fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ИКС започна нов проект за Инклузивно и креативно медиумско образование

ИКС започна со спроведување на активностите во рамки на проектот Инклузивно и креативно медиумско образование (ICME), кој има цел да го подобро образованието за медиумска писменост во Македонија, Финска и Италија.

Проектот е предводен од Националниот аудиовизуелен институт – KAVI во Финска, а покрај ИКС, проектен партнер е и Универзитетот во Фиренца од Италија.

Проектот развива образовни модели за медиумска писменост кои можат да бидат спроведувани во формално и неформално образование и од различни чинители (граѓански организации, училишта, факултети, итн.).

Секој од партнерите ќе изработи посебен модел за образование кој првично ќе биде тестиран во локален контест. Истиот модел ќе биде адаптиран за имплементација во секоја од земјите на проектните партнери.

Трите модели ќе се фокусираат на следниве клучни области:

  • Наставни принципи за дизајнирање инклузивни иницијативи за медиумска писменост (Финска),
  • Образовни стратегии кои ја поттикнуваат креативноста преку критичка медиумска писменост (Италија) и,
  • Поттикнување на граѓанскиот ангажман на младите преку медиумска писменост (Македонија).

Целта е да се создаде траен едукативен ресурс кој ќе може да се користи од наставници, училишта, универзитети, граѓански организации и иницијативи, во формално и неформално образование, овозможувајќи им на граѓаните и особено младите луѓе да ги користат медиумите како моќна алатка за поттикнување критичко размислување, граѓански ангажман и културна различност.

ИКС веќе е во процес на тестирање на моделот за поттикнување граѓанска вклученост кај младите преку медиумска писменост.

Проектот Инклузивно и креативно медиумско образование се имплементира од 2023 – 2024 година со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.