fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Рамка за развој МКД 2030

Пренос на консултативна дискусија за изработка на Рамката за развој #МКД2030 во животната средина

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамките на кампањата „Разбистри сè“, организира јавна дискусија во врска со изработката на Рамката за развој #МКД2030 во областа на животната средина, процес кој го води Претседателот на Република Северна Македонија, г-н Стево Пендаровски. Станува збор за стратегиски документ кој треба да ги утврди целите и приоритетите кои треба да бидат постигнати, меѓу другите области, во животната средина до 2030 година. Намерата е на транспарентен начин и преку консултации со граѓанските организации, професорите и експертите членови на Алијансата „Разбистри сè“ да се утврди фокусот на развојот во животната средина во следната деценија.

Ве покануваме да ја следите јавната дискусија за изработка на Рамката за развој #МКД2030 во животната средина, што ќе се пренесува онлајн во петок (14 јануари) од 11:00 до 12:30 часот на Фејсбук страницата на Институтот за комуникациски студии. Претседателот на РСМ, г-н Стево Пендаровски ќе има воведно обраќање на настанот, по што претставници на граѓански организации, професори и експерти ќе имаат консултативна дискусија со него за да ги презентираат нивните размислувања и предлози.

Рамката за развој #МКД2030 ќе претставува стратегиска рамка врз основа на која ќе се изработи Националната стратегија за развој 2021-2041, процес кој ќе го води Владата на РСМ.

 

Лице за контакт:

Дејан Андонов, програмски координатор во ИКС – ; 071 317 661