fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Медиумски менаџмент

Фокус на новите медиуми и техники

Студиската програма Менаџирање на медиуми и мултимедија ќе ве научи да ги детектирате и истражување општествените појави и прашања во областа на медиумите, но и да развивате иновативни пристапи во толкувањето и практикувањето на новите трендови во медиумската сфера. На оваа студиска програма ќе се стекнете со знаења за:

  • техниките на критичко и аналитичко мислење околу новата улога на медиумите во интересот на јавноста;
  • користењето на истражувачките методи за анализа на пазарот и на сегментирањето на публиката;
  • спецификите на медиумската конвергенција;
  • практикувањето на интерактивното и онлајн новинарство;
  • мултимедијална продукција;
  • медиумското претприемништво и развивањето нови медиумски бизнис модели;
  • ефективното управување, одржливоста и континуираното развивање на лидерските вештини во оваа сфера;
  • промовирањето на слободно и плуралистичко новинарство и независност.

Интердисциплинарен пристап

Програмата користи интердисциплинарен пристап, при што ќе се стекнете со знаења од широк спектар на области – дигитални и социјални медиуми, аудиовизуелни индустрии, мултимедијална продукција, менаџмент, претприемништво, маркетинг, економија, уредувачка политика, интерактивно и инклузивно новинарство, истражување, академско пишување, јавна дипломатија и глобални односи.

Онлајн учење во виртуелна училница

Виртуелната училница, ќе ви обезбеди непречен онлајн пристап кон сите предмети, контакти со професори и студенти, како и неопходните ресурси за учење. Освен во предавална, дел од предавањата на студиите се одржуваат онлајн како вебинари, при што ви е овозможена комплетна интеракција со професорот и другите студенти за целото времетраење, а по завршување на предавањето, истото ќе можете да го прегледате одново на виртуелната училница.

Диплома и компетенции

Оваа програма е наменета за идни менаџери, истражувачи и стручњаци кои ќе умеат да ги истражуваат и анализираат промените во медиумската индустрија, да ги планираат економските потреби и развојот на медиумот и да преземаат деловни потфати во новите медиуми и во продукцијата на мултимедијални содржини. Со завршувањето на студиите, ќе можете да работите во академски и истражувачки институции во областа на медиумите и комуникациите, во медиумски и други организации за обуки, истражувања и мониторинг на медиуми, јавно мислење и на пазарот, на менаџмент ниво во онлајн, електронски и печатени медиуми, да почнеш сопствен бизнис или како независен истражувач и консултант за развој на медиумите.