За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Жанета Трајкоска

Жанета Трајкоска е вонреден професор со докторат по политички науки и речиси 30 години искуство во комуникациите, медиумското образование и развојот на политиките во Република Македонија. Таа моментално е директор на Институтот за комуникациски студии (ИКС), со широка експертиза во медиумската писменост, новинарството, стратешката комуникација и кампањите од јавен интерес. Претходно била директорка на Високата школа за новинарство и односи со јавноста и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а работела и со домашни и со меѓународни организации на проекти поврзани со медиумското образование, комуникациските стратегии и интеграцијата во ЕУ.

Трајкоска го водеше тимот на ИКС кој ја поддржа Службата за комуникации на Владата на Обединетото Кралство во развојот на националната комуникациска стратегија на Македонија за подобрување на транспарентноста на владата. Таа, исто така, била консултант за бројни проекти на USAID и ЕУ и го советувала Секретаријатот за европски прашања за комуникација на ниво на министерства за пристапување кон ЕУ. Од 2006 до 2008 година, таа беше членка на националната Комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Таа е автор, коавтор и уредник на неколку публикации за политичка комуникација, пропаганда, дезинформации и медиумска писменост.

Истражувачки интереси: политичка комуникација, пропаганда, медиумска манипулација, новинарство и развој на медиумите.

ORCID: https://orcid.org/0000-0001-9862-8637