За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Соња Трајковска

Соња Трајковска, новинар. Дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Од 2022 година работи во Институтот за комуникациски студии во Скопје, како уредник на платформите „Само прашај“ и „Дома“. Работела како новинар/уредник во порталите „360 степени“ и „НоваТВ“ и Канал 5. Неколку години работела во македонскиот сервис на „Гласот на Америка“ во Вашингтон, а потоа и како дописник од Скопје, како дописник за агенцијата Танјуг, уредник на внатрешно-политичката редакција на Македонската новинската агенција – МИА и како новинар во неделникот Фокус и во Македонското радио.

Учествувала во повеќе истражувања од медиумската сфера, меѓу кои како коавтор на Мониторинг на демократијата во Македонија (МОДЕМ) на ИКС кое се фокусира на набљудување на медиумските содржини на националните телевизии, квалитативна анализа на медиумското известување и активности за подигнување на критичката свесност за формите на политичка манипулација во медиумите и информирање на јавноста за политичкиот плурализам и слободна политичка дебата.