fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Јорданка Черепналкова Трајкоска

Јорданка е психолог и магистер на комуникации. Своето професионално искуство го гради во различни меѓународни и домашни организации и институции, работејќи на проекти поврзани со деца и млади, образование, детски права, психосоцијална поддршка, демократско владеење и економски раст. Меѓу организациите / компаниите во кои работела се УНИЦЕФ, УНДП, Буз Ален Хамилтон, Британски совет, Прва детска амбасада во светот Меѓаши и др. Има богато искуство во раководење различни групи од различни области, во анализа на потребите за стручна поддршка и дизајнирање соодветни програми за обезбедување на истата, вклучувајќи програми за обука, студиски посети и други активности за градење капацитети за различни групи корисници. Искуството како истражувач е составен дел од нејзините ангажмани и интереси, особено во областа на комуникацијата.

Таа е дел од тимот на Институтот за комуникациски студии кој работи на осмислување методолошки пристапи на истражувања и нивно спроведување, во областа на комуникациите со фокус на дезинформации, медиумска писменост на различни возрасни групи.