За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Дарко Малиновски

Дарко Малиновски е ИКТ и проектен менаџер во Институтот за комуникациски студии. Негово поле од интерес се дигиталните технологии, нивната употреба во постигнување на комуникациски цели, како и нивните ефекти врз општествениот развој. Претходно работел во Институтот за европска политика како лице за комуникации.

Тој има завршено правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, а има магистрирано на Институтот за комуникациски студии.