За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Анастасија Крацовска

Дипломирала на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а во 2024 на истиот факултет се стекнува со титула магистер по финансии и финансово право. Покрај академските искуство, активно учествувала на бројни обуки и работилници поврзани со финансовото право и регулативите што ја уредуваат оваа област, како на национално така и на меѓународно ниво.

Во ИКС обезбедува правна поддршка во административното и финансиското работење, активно учествува во управување со финансиските активности, евиденција на трошоците и нивното усогласување според македонските и меѓународните стандарди, како и подготовка на проектна документација.