fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Весна Стаменковска

Весна Стаменковска е одговорна за планирање и унапредување на системите за оценувањето на резултатите од работењето на Институтот за комуникациски студии (ИКС). Таа се грижи и за интегрирање на практики на споделување на информации и знаење во секојдневното работење на ИКС заради учење и професионален развој на вработените и тимовите, како и развој на организацијата.

Весна има долгогодишно искуство во менаџмент, менторство и стручна помош за организациски и програмски развој. Таа има работено на програми и проекти со меѓународни организации, како што се Институтот за трајни заедници од Соединетите американски држави, британското Министерство за меѓународен развој, и Светски совет на кредитни унии. Весна има дипломирано на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.