Лејла Шабан
Лејла Шабан ги има завршено додипломските студии на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Од 2008 до 2016 година таа е дел од тимот на Високата школа, како раководител на Центарот за обука и професионална надградба „Кариера“, надлежна за организирање и координирање на практична настава за студентите и нивно поврзување со индустријата. Од 2016 година е дел од тимот на Институтот за комуникациски студии (ИКС).