За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

студентиТаг

Учесници на последната работилница за препознавање на лажни вести во рамки на Неделата против лажните вести  беа студентите од прва и втора година по новинарство и односи со јавност од Правниот факултет „Јустинијан Први“. Низ интересни примери и дискусија со предавачите Зоран Димитровски и Михајло Лахтов, студентите учеа како да ги препознаат лажните вести, како да ги анализираат медиумските пораки и зошто е важно постојано медиумски да се описменуваме.

Финансискиот извештај на Студентскиот парламент за 2014 и 2015 година покажал дека околу 43.000 евра се потрошени за лични патувања во Русија, Азербејџан, Грузија

Институтот за комуникациски студии ги додели првите дипломи за завршени магистерски студии на магистрите кои ги одбранија нивните трудови во текот на оваа и минатата година. Татјана Митевска, Верица Јорданова, Кристина Георгиева и Верица А. Спасовиќ се стекнаа со научното звање „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“, додека Меваип Абдиу со звањето „магистер по менаџирање на медиуми и мултимедија“. Нивните магистерски работи се директно применливи за решавање на специфични професионални предизвици и за воведување промени во областа на комуникациите и медиумите.

Односите со јавноста, огласувањето и новинарството имаат клучна одговорност во уништувањето на онлајн јавната сфера ако придонесуваат кон нејзина окупација и злоупотреба заради демонстрирање на нечија власт. За ова постдипломците по менаџирање на стратегиски комуникации дискутираа на средбата со професорот Пеџа Ашанин Голе од Словенија. Тие разговараа за деградацијата на поимот јавност и за улогата на јавноста, јавното, публицитетот, јавната сфера и интернетот во развојот на демократската мисла.

Четири постдипломки на магистерските студии успешно ги одбранија нивните трудови во текот на септември и октомври и се стекнаа со научно звање магистер по менаџирање на стратегиски комуникации. Kомисиите за одбрана ги оценија магистерските работи како научно и стручно издржани, кои можат да служат како дополнување на досегашните достигнувања на теоријата и праксата. Покрај тоа што претставуваат интересно четиво од академски аспект, магистерските работи имаат и практична тежина и можат да се препорачаат на сите професионалци кои работат во областа на комуникациите.