ИКС развива две меѓународни онлајн програми MicroMasters
Институтот за комуникациски студии (ИКС) почнува да развива две меѓународни онлајн програми MicroMasters за (1) Претприемнички и иновативен екосистем и (2) Дигитални комуникации и маркетинг. Програмите ќе бидат креирани во соработка со Истанбул универзитетот од Турција, Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија и со ДОБА бизнис школата од Словенија, во рамките на проектот [email protected] кој е финансиран од Програмата ЕРАСМУС+ на Европската Унија.
ResPublica започна соработка со Project Syndicate
Академскиот блог на Институтот за комуникациски студии ResPublica започна соработка со Project Syndicate, глобалнатa веб платформа која објавува анализи од водечки светски иноватори во економијата, политиката, здравството, технологијата и културата. ResPublica ќе прави избор од нивните блоговите и ќе ги реобјавува на македонски јазик.