За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

секторТаг

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“ организира прес-конференција која ќе се одржи на 15 декември (петок), 2017 година со почеток во 10.30 ч во хотел Холидеј Ин (сала Скала) во Скопје.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави истражувањето „Поврзување со граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“, чија цел е да утврди колку често и за кои цели граѓанските организации користат дигитални комуникациски алатки и техники за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи. Анализата се осврнува кон користа од дигиталното комуницирање, особено кога традиционалните медиуми се недостапни за граѓанските организации. Истражувањето исто така се осврнува и кон искуствата на некои од граѓанските иницијативи кои беа актуелни во јавноста во изминативе неколку години (Протестирам, Шарена револуција, Студентски пленум), кои се потпираа на социјалните медиуми во комуникацијата

Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники.

Институтот за комуникациски студии направи Резиме за јавните политики во кое прави проценка на состојбата во медиумскиот сектор во Македонија во контекст на препораките изнесени од Групата високи експерти предводена од Рајнхард Прибе.