Ќе знаеме дали се капеме во чисто езеро
„На училиште учиме за екологија, за загадување на почва, на вода… Ама тоа го учиме на вообичаениот начин – преку теоретско предавање на професорот. Но, вака, од терен, сосема е друго учењето!“, вели Александра Трајче, средношколка во училиштето „Цар Самоил“ од Ресен откога ја посети Мониторинг станицата за Преспанското езеро. Таа е една од 15-тината средношколци кои заедно со нивната професорка Елена Дамовска Маркоска и со истражувачите од Мониторинг станицата во Стење ќе го проверуваат квалитетот на водата во езерото во кое се капат откога се родени.