За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Разбистри сè! Tag

Стари цевки, чести дефекти, неисправни водомери, диви приклучоци – земјава станува рекордер во загубите на вода. Јавните претпријатија бараат потрошувачите да штедат, а повеќе од половина од произведеното не стигнува до нив. Процентот на неприходувана вода достигна алармантни 63 насто. Гледајте во емисијата „Разбистри сѐ“.

Питката вода за пиење неконтролирано се троши и од компании, и од институции и од граѓаните на Скопје. Индустриски објекти користат вода колку жителите на неколку општини во градот. Се прскаат тревници, се наводнуваат бавчи, се приклучува на диво на водоводната мрежа.

Околу 1,7 милијарди евра инвестиции се потребни за пречистување на урбаните отпадни води кои сега директно се испуштаат во реките, езерата и почвите. Водата е ресурс што неограничено се троши, а надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во Северна Македонија.

Граѓански организации и високообразовни институции од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бараат вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО.

Министерството за економија ги повлече измените на Законот за минерални суровини од скратена собраниска постапка после притисокот од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, составена од 48 граѓански организации, високообразовани институции и медиуми. Алијансата „Разбистри сè“ бара од Министерството за економија да ги вклучи експертската јавност и сите заинтересирани граѓани во процесот на креирање и усвојување на законот и да им овозможи да дадат предлози за подобрувања на законскиот текст. Алијансата „Разбистри сè“ стои на располагање на Министерството за економија заедно да организираат јавна расправа и консултации со што е можно повеќе страни кои се засегнати од одредбите на Законот

Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните во Македонија во однос на заштитата на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од минатата година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“.

Кампањата во текот на наредната година ќе се фокусира на потребата за одржливо управување со водата и за поефикасен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува заедно да ја започнеме кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сé“.