Академско блогирање за пристап до поширока публика
Академско блогирање за пристап до поширока публикаПретставници на граѓански организации и новинари се обучуваа како да пристапат кон пошироката публика и да влијаат врз јавната дебата за теми од јавен интерес на работилницата за академско блогирање што ја организираше Институтот за комуникациски студии. Учесниците осознаа како можат со академско блогирање да отворат дебата со стручната јавност и со други заинтересирани страни и да станат познати како експерти во определена област. Обучувачот Сали Брајтон Мицова, која е професор по политичка комуникација на Универзитетот на Источна Англија во Велика Британија, зборуваше и за тоа дека со блогирање се овозможува да се изрази мислење