Здружени за промени: враќање на владината отчетност преку граѓански протести
Целта на истражувањето „Здружени за промени: враќање на владината отчетност преку граѓански протести“ е да ги согледа комуникациските практики на медиумите, активистите и претставниците на државните институции за време на некои од граѓанските протести кои се одржаа во Македонија во 2014 и 2015 година.
Одговорно и отчетно владеење ќе овозможи остварување на јавниот интерес
Поголема транспарентност во работата на власта и овозможување суштинска дебата која ќе ги канализира ставовите на различни групи граѓани, се предуслови за одговорно и отчетно владеење. Само на овој начин ќе може целосно да се остварува јавниот интерес, кој во Македонија различни елити на моќ неретко го инструментализираат. Ова е еден од заклучоците од денешната конференција што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“.