Судиите не се конзистентни во одлучувањето во спорови од јавен интерес
Судиите не постапуваат конзистентно во случаи од јавен интерес, и го чуваат угледот на неколку функционери наместо јавниот интерес. Бројот на квалитетни судии константно се намалува. Македонија има инфлација на судии, но истовремено и многу бавна, но и скапа правда. Ова се само некои од заклучоците од дебатата „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“, на којашто учествуваа околу 60 претставници на судството, адвокатурата, медиумите, невладините организации, академската заедница и јавната администрација.
Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси
„Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“ се занимава со позначајните прашања врзани за јавниот интерес од аспект на уживањето на основните слободи и права на граѓаните и правните субјекти во Република Македонија. Целта на документот е да ги прикаже различните гледишта околу улогата на судовите во однос на балансирањето помеѓу индивидуалните слободи и права и јавниот интерес.