Мобилни телефони во наставата можат да бидат и решение за подобро учење
Дали мобилните телефони се вишок во училиштата? Скопските општини Центар и Аеродром дадоа препораки за забрана за користење на мобилните телефони за време на наставата. Велат дека целта е зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес.
Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Бирото за развој на образованието го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование“, со цел да се утврди како се третира овој концепт во наставните планови и програми, кои облици на стекнување знаења за медиумска писменост се користат (дидактички материјал, опрема, просторни услови и сл.) и каква е едукацијата на наставниот кадар за медиумска писменост.
Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа
Анализата „Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа“ има цел да ги утврди составните елементи на идеалниот курикулум за студии по новинарство во Југоисточна Европа (ЈИЕ), земајќи ги предвид различните структурални и општествено-политички околности со кои се соочува новинарското образование во овој регион.