Неразумно се троши питката вода за пиење
Питката вода за пиење неконтролирано се троши и од компании, и од институции и од граѓаните на Скопје. Индустриски објекти користат вода колку жителите на неколку општини во градот. Се прскаат тревници, се наводнуваат бавчи, се приклучува на диво на водоводната мрежа.