Заврши Неделата против лажните вести
Заврши Неделата против лажните вести што трета година по ред ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС). Од 22 октомври до 3 ноември се одржаа три работилници за препознавање лажни вести, два вебинари за онлајн заштита и онлајн дебата на тема „Дали ни е потребна медиумска диета?“.
Ај на кафе, во живо
На дебатата „Дали ни е потребна медиумска диета?“ се утврди дека е младите поминуваат премногу време на социјалните мрежи, но и дека е потребно навреме да реагираме ќе забележиме намалени социјални вештини, чувство на комфорна зона во онлајн светот и хиперконектираност.
Започнува Неделата против лажните вести 2020
Институтот за комуникациски студии (ИКС) трета година по ред ја организира Неделата против лажните вести. И годинава ќе информираме, едуцираме, дискутираме како да се бориме против лажните вести и дезинформациите преку обуки, вебинари, дискусии, видеа, блогови и различни едукативни ресурси.