fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

награда Tag

Новинарот Мартин Пушевски од МТВ ја доби третата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“ што ја доделува Македонскиот институт за медиуми (МИМ) за серијалот текстови за борбата на граѓаните од Струмичката Котлина против отворање на рудникот „Иловица“, објавени на платформата Дома на Интитутот за комуникациски студии.

Документарниот филм на ИКС „Другата страна на туризмот“ е награден на Меѓународниот фестивал за заштита на природата и животната средина, еден од најголемите тематски настани поврзани со заштита на животната средина и филмови за природата во Унгарија и регионот, што по деветти пат се одржа во Будимпешта од 19 до 21 мај.

Во неколкуте новинарски продолженија, новинарите од МИА - Ана Цветковска, Ангела Рајчевска и Борис Куноски, во соработка со Само прашај пишуваа за условите во кои престојуваат децата во воспитно-поправните домови.

Делегацијата на Европската Унија и Советот за етика во медиумите го објавуваат 16-тото издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата “Градење доверба во несигурни времиња”.