Јавен увид во дозволите за користење води и стандардизирано следење на квалитетот и квантитетот на водите
Ова се овозможува со дигиталната платформа за Водната книга, база на податоци за управување со водите, и со Методологијата за мониторинг на водните тела, кои за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) беа изработени во рамките на кампањата „Разбистри сè“.
Подобро координирање и спроведување на инспекцискиот надзор: Што ќе помогне?
Работата на инспекциските служби во животната средина има голема важност во превенцијата и санкционирањето дела што доведуваат до деградација на природните ресурси. Ефикасното планирање на редовните инспекциски надзори овозможува правилно насочување на ресурсите за следење и контрола онаму каде што е најпотребно.
Мониторинг на водните ресурси: Како да се утврди реалната состојба?
Постојниот мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во Македонија е несоодветен за да даде реална слика за состојбата на водните ресурси. Причините за ваквата состојба се непостоењето програми за мониторинг и картографски прикази според барањата на Законот за води, недоволни финансиски и кадровски ресурси, лошата состојба на државните мерни станици и неисполнувањето на обврските за интерен мониторинг.
Ќе знаеме дали се капеме во чисто езеро
„На училиште учиме за екологија, за загадување на почва, на вода… Ама тоа го учиме на вообичаениот начин – преку теоретско предавање на професорот. Но, вака, од терен, сосема е друго учењето!“, вели Александра Трајче, средношколка во училиштето „Цар Самоил“ од Ресен откога ја посети Мониторинг станицата за Преспанското езеро. Таа е една од 15-тината средношколци кои заедно со нивната професорка Елена Дамовска Маркоска и со истражувачите од Мониторинг станицата во Стење ќе го проверуваат квалитетот на водата во езерото во кое се капат откога се родени.
Мониторинг на демократијата во Македонија (МОДЕМ)
МОДЕМ се фокусира на набљудување на медиумските содржини и изработка на анализи кои треба да докажат дали постои корозирано медиумско известување кое го загрозува политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес. Добиените анализи и податоци ќе им користат на граѓаните, цивилниот сектор, медиумските организации, носителите на одлуки и на меѓународната заедница при креирање поткрепени ставови и аргументи за иницирање политики.