fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

медиуми Tag

Документот „Слободата на изразување наспроти говорот на омраза во медиумите во Македонија“ се фокусира на проблемот со говорот на омраза кој постои во медиумската заедница во Македонија. Документот нуди осврт кон европската и македонска легислатива од областа, нуди преглед на случаи од практиката, како и препораки за ефективно и систематско справување со говорот на омраза.

Документот „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“ се осврнува кон проблематиката поврзана со регулирање на онлајн медиумите и предизвиците и проблемите кои произлегуваат од овој процес.

Проблемите со кои се соочува медиумската индустрија во Косово, Албанија и Македонија се слични на оние во Италија и земјите на ЕУ. Овие земји се соочуваат со технолошки детерминизам, каде општествениот капитал и вредностите во општеството не се создаваат во социјалните медиуми. Ова беа некои од заклучоците од втората меѓународна научна конференција „Медиумска историја и трансформација“ која се одржа на 23-ти септември во Приштина, Косово, а беше организирана од ААБ колеџот (Косово), Универзитетот во Перуџа (Италија), Универзитетот во Тирана и Универзитетот Бедер (Албанија), Универзитетот Елбасан (Албанија), Високата школа за новинарство и односи со јавноста и Институтот за комуникациски студии (Македонија).

Во пресрет на претстојните реформи во медиумската сфера кои произлегуваат од Пржинскиот договор, група медиумски организации до Владата поднесоа Барање за спроведување системски медиумски реформи во кое се нагласени приоритетните прашања за кои се неопходни итни законски измени и практични мерки што треба да ги спроведат надлежните институции.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Високата школа за новинарство и односи со јавноста се дел од организацискиот одбор на научната конференција „Медиумска историја и медиумска трансформација“ која ќе се одржи во Приштина, Косово на 23 септември, 2017 година. Главниот организатор на конференцијата е ААБ Колеџот за комуникации од Приштина.

Анализата „Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?“ има цел да утврди дали кампањите од јавен интерес кои беа спроведувани во медиумите во Македонија изминативе неколку години беа од јавен интерес или служеа на интересите на политичките елити или на други институции?

Целта на анализата „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“ е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности со правото на јавноста „да знае“.

Популарноста на социјалните медиуми не е значи и влијателност. Влијателноста подразбира да се предизвика промена кај публиката преку онлајн комуникација, секако со фокус на активностите и содржините на организацијата. Ова беше темата на работилницата „Правење влијание преку блогирање“, која Институтот за комуникациски студии ја организираше за претставници на граѓански организации.