За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

комуникацијаТаг

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, пишување на документи за јавни политики и планирање и имплементирање на кампањи од јавен интерес. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра комуникација со целните публики, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Прирачникот „Како поефикасно да комуницирате со граѓаните преку дигиталните медиуми: прирачник за граѓански организации“ нуди преглед на можностите кои ги нудат дигиталните медиуми наспроти традиционалните. Дополнително, се осврнува кон тоа како дигиталните медиуми можат да им помогнат на граѓанските организации во промовирање на нивните активности, проекти и иницијативи. Прирачникот содржи и практични совети за креирање на ефективни пораки, сегментирање на публиката, и совети за тоа кои дигитални алатки се најсоодветни за одредени публики, како најлесно да се измери влијанието на социјалните медиуми и како да се подготви план за социјални медиуми што ќе им помогне на граѓанските организации да се

Како поефикасно да комуницираат со целните публики преку дигитални медиуми, како да го мерат влијанието кое го имаат преку социјалните мрежи и како да ги воочат различните потреби на различните платформи за дигитална комуникација. Ова беа темите покриени на дводневната обуката за претставници на граѓански организации која ја организираше Институтот за комуникациски студии на 8-9 февруари.

Претставници на 16 граѓански организации се обучуваа како да ја сегментираат публиката, да креираат ефективни и убедливи пораки, но и како да подготват комуникациски план за да можат подобро да ја презентираат својата работа, да информираат и да мобилизираат граѓани. Исто така, на обуката учесниците имаа можност преку одредени сценарија да вежбаат како да настапат пред камера и новинари но и да слушнат совети од обучувачите Јасмина Миронски и Марјан Танушевски како да го подобрат својот настапат пред јавноста и медиумите.

Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники.

Претставници на невладините организации се обучуваа како да развиваат ефективни пораки, како да ја дефинираат публиката и пораките убедливо да ги пренесат до целните публики на работилницата за ефективна комуникација со јавноста што ја организираше Институтот за комуникациски студии.