Трката со времето притиска врз квалитетното новинарство
Дезинформациите и лажните вести не се нова појава, но денес тие имаат многу поголем потенцијал да наштетуваат поради природата на комуникациските платформи преку кои најчесто се пренесуваат. Ова е главниот заклучок од синоќешната дебата „Како да справиме со дезинформациите и лажните вести“ што ја организираше Институтот за комуникациски студии во рамки на Неделата против лажните вести.