Одржана меѓународната научна конференција „Медиумска историја и трансформација“
Проблемите со кои се соочува медиумската индустрија во Косово, Албанија и Македонија се слични на оние во Италија и земјите на ЕУ. Овие земји се соочуваат со технолошки детерминизам, каде општествениот капитал и вредностите во општеството не се создаваат во социјалните медиуми. Ова беа некои од заклучоците од втората меѓународна научна конференција „Медиумска историја и трансформација“ која се одржа на 23-ти септември во Приштина, Косово, а беше организирана од ААБ колеџот (Косово), Универзитетот во Перуџа (Италија), Универзитетот во Тирана и Универзитетот Бедер (Албанија), Универзитетот Елбасан (Албанија), Високата школа за новинарство и односи со јавноста и Институтот за комуникациски студии (Македонија).
Повик за учество на конференција „Медиумска историја и медиумска трансформација“
Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Високата школа за новинарство и односи со јавноста се дел од организацискиот одбор на научната конференција „Медиумска историја и медиумска трансформација“ која ќе се одржи во Приштина, Косово на 23 септември, 2017 година. Главниот организатор на конференцијата е ААБ Колеџот за комуникации од Приштина.