Новиот Закон за минерални суровини максимално да ја штити животната средина
Постапките за давање концесии за експлоатација на минерални суровини не се доволно транспарентни за жителите на локалните заедници, ископувањето на песок и чакал од реките и езерата се дозволува исклучиво за бизнис цели, а третманот на хидројаловиштата како потенцијално најопасни места во рударските комплекси не е доволно регулиран.
По притисок на јавноста, Министерството за економија ги повлекува измените на Законот за минерални суровини
Министерството за економија ги повлече измените на Законот за минерални суровини од скратена собраниска постапка после притисокот од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, составена од 48 граѓански организации, високообразовани институции и медиуми. Алијансата „Разбистри сè“ бара од Министерството за економија да ги вклучи експертската јавност и сите заинтересирани граѓани во процесот на креирање и усвојување на законот и да им овозможи да дадат предлози за подобрувања на законскиот текст. Алијансата „Разбистри сè“ стои на располагање на Министерството за економија заедно да организираат јавна расправа и консултации со што е можно повеќе страни кои се засегнати од одредбите на Законот