Недоволно инспектори и опрема, несоодветни кадри и испреплетени ингеренции во контролата врз сечата на шумите
Мал број инспектори и недостаток на опрема за работа, несоодветни кадри во Инспекторатот за шумарство и ловство, Шумската полиција и Шумочуварските служби, како и недоволни контролни механизми при сечата на дрва. Ова се некои од проблемите кои го ограничуваат ефективниот надзор врз управувањето со шумите, беше речено денеска на панел дискусијата „Како до подобра контрола врз управувањето со шумите?“, која ја организираше Асоцијацијата за демократски иницијативи во соработка со Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата „Разбистри сè“.
Да ја заштитиме водата долгорочно, за да не ја изгубиме
Околу 1,7 милијарди евра инвестиции се потребни за пречистување на урбаните отпадни води кои сега директно се испуштаат во реките, езерата и почвите. Водата е ресурс што неограничено се троши, а надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во Северна Македонија.